(ВИДЕО) Стаорци големи колку мачки шетаат низ вториот по големина град во Велика Британија
Време за читање помалку од минута
Бирмингем, најпознат како центар на британската индустриска револуција и место каде што се одвива дејството на серијата „Peaky Blinders“ (Пики Блајндерс), последниве години се соочува со финансиски тешкотии, а сега низ улиците се собираат купови ѓубре бидејќи комуналните работници штрајкуваат поради спор со градскиот совет околу платите.
Според извештаите, како последица на оваа ситуација, градот се соочува со наезда од стаорци, пренесува CNN.
Медиумите јавуваат дека низ градот шетаат стаорци големи колку мачки.
Погледнете го видеото:
Latest posts by Редакција (see all)