- Advertisement -
Правда

Владата денеска ќе ја одржи редовната 13-та седница

Владата - Работник
188views

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 13-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На оваа своја седница Владата ќе ја разгледа информацијата за учеството на Република Северна Македонија во Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија во периодот 1 јули – 31 декември 2019 година.

Advertisement

На предлог на Министерството за одбрана министрите во Владата ќе се произнесат по информацијата за ажурирана Нацрт Стратегија за одбрана на Република Северна Македонија.

На денешната седница е точката со информација со анализа за примената на Законот за правда за децата, што ќе ја презентира Министерството за правда, како и информацијата за потребите на Министерството за животна средина и просторно планирање во однос на мониторинг на водите во Република Северна Македонија.

Advertisement

На предлог на Акционерско друштво за производство на електрична енергија, „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), во државна сопственост, Владата денеска ќе донесе мислење за финансискиот план, за годишната инвестициска програма и за годишниот план за јавни набавки на АД ЕСМ за 2020 година.

На седницата ќе се разгледа и годишната програма за работа за 2020 година, како и информацијата за реализација на Проектот „Младинска картичка“ на Агенцијата за млади и спорт.

Редовната 13-та седница на Владата на Северна Македонија е предвидено да се одржи денеска со почеток во 12:00 часот.

Извор: Влада

Advertisement