Објавен оглас за прием на 100 професионални војници во Армијата
Министерството за одбрана објави јавен повик за прием на 100 (сто) професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија за работа на определено работно време со договор за вработување во времетраење од 4 (четири) години со можност за негово продолжување повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 години возраст по избор согласно закон.
Кандидатите за прием на професионални војници на служба во Армијата треба да ги исполнуваат следните услови:
Општи услови:
– да се државјани на Република Северна Македонија;
– да се полнолетни и
– да имаат посебна здравствена и физичка способност.
Посебни услови:
– да имаат завршено средно образование;
– да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.
3. Работното време е од 08,00 часот до 16,00 часот.
4. Платата изнесува над 25.000,00 денари, со дополнителни над 8.000,00 денари трошоци за станбено обезбедување по навршување на 4 години служба во Армијата.
5. Лицата кои се здравствено осигурани и ќе приложат потврда издадена од матичен лекар за поседување на општа здравствена способност кон пријавата за прием на кандидати за професионални војници на служба во Армијата, нема да подлежат на почетни проверки за поседување на општа здравствена способност.
Лицата кои не се здравствено осигурани и согласно тоа, не се во можност да достават потврда од матичен лекар за поседување на општа здравствена способност кон пријавата за прием на кандидати за професионални војници на служба во Армијата, ќе бидат испратени на проверка на општата здравствена способност на Институтот за физиологија при Клинички центар – Скопје.
6. Во постапката за избор, проверката на физичката и здравствената способност на кандидатите за професионални војници на служба во Армијата, ќе биде извршена од страна на посебни комисии формирани од министерката за одбрана.
Детални информациите се објавени на интернет страницата на министерството за одбрана.

