МакедонијаПравдаСветот на работникот

Владата ја ажурираше листата на компании кои зеле државна помош, но не им ја исплатиле на работниците

Владата ја ажурираше листата - Работник
176views

Владата на Р. Македонија повторно ја ажурираше листата на компании кои зеле државна помош и истата не им ја исплатиле на работниците. 

Вчера Сител телевизија пренесе дека Владата побарала кривична одговорност за половина од газдите кои зеле државна помош, без да им исплатат денар на вработените. Останатите, исплашени од високите казни им поделија  плати на работниците. Од првичните 708 компании, заклучно со 7 август, за април плата не исплатиле 147 фирми, а за мај 197, или вкупно 344 фирми велат од УЈП. Сега , покрај тоа што ќе треба да ги вратат парите, се соочуваат со парична казна од 3,000 евра за правното лице, 900 евра за законскиот застапник, односно директорот, како и затворска казна од 1 до 10 години.

Ажурираната листа можете да ја преземете тука