- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Влада: Продолжува трендот на раст на платите, во мај просечната плата изнесувала 28.721,00 денари

Влада - Работник
756views

Континуирано расте просечната исплатена нето плата во државата. Согласно податоците на Државниот завод за статистика, во мај годинава просечната месечна исплатена нето плата по вработен изнесува 28.721,00 денари. Во однос на мај 2020 година, регистрирано е зголемување од 8,8% или 2.331,00 денари за една година.

Според статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (29.0 %); Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (28.7 %) и Други услужни дејности (14.4 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (7.0 %); Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (5.5 %) и Снабдување со вода; Отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (5.3 %).

Топ три сектори со највисока просечна исплатена нето плата по вработен во државата се: Информации и комуникации; Финансиски дејност и дејности на осигурување како и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Податоците на Државниот завод за статистика го потврдуваат трендот на раст на платите кој е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата.

Доколку последниот податок го споредиме со јуни 2017 година кога просечната плата била 22.808,00 денари, разликата е 5.913,00 денари, или тоа е раст од 25,93%.

Ако пак ја земеме просечната плата од јуни 2017 година и ја споредиме со јули 2013 година кога изнесувала 21.013,00 денари, согледуваме дека растот на платата бил 1.795,00 денари, или раст од само 8,54%.

Посветени сме на реализација на стапките на економски раст од 4-5% и покачување на платите за 20% до 30% се со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата.