„Вложуваме во изградба на училишта и спортски сали. Силна поддршка сме за образованието“
Подобрување на условите во кои учениците се школуваат е еден од трите предуслови за квалитетно образование и затоа Министерството за образование и наука инвестира не само во наставни програми и обуки на наставниот кадар, туку интензивно вложува во образовна инфраструктура. Денеска, во општина Прилеп, ги гледаме резултатите – гимназијата „Мирче Ацев“ е подготвена во второто полугодие да ги отворти вратите за учениците за настава со физичко присуство а ОУ „Кире Гаврилески Јани“ доби нова спортска сала. Ова го посочи министерот за образование и наука Јетон Шаќири, по посетата на општина Прилеп и обиколката на образовните инстируции, заедно со претседателот на Владата Димитар Ковачевски.
„Министерството за образование и наука со инвестиција од околу 38 милиони денари во овој објект целосно ја модернизираше училишната зграда на гимназијата. Објектот доби нова енергетски ефикасна фасада, заменети се и прозорците а во внатрешноста поставени се нови подови и изведени се нови санитарни јазли а за учениците со попреченост е поставен лифт. За овие работи се одвоени 23,2 милиони денари. Претходно, со инвестиција од 14,4 милиони денари направивме целосна замена на дотраената кровна конструкција“, рече министерот Шаќири.
Министерот Шаќири и премиерот Ковачевски ја посетија и новата спортска сала во состав на ОУ „Кире Гаврилески Јане“, во чија изградба се инвестирани околу 30 милиони денари. Салата е опремена со сите потребни реквизити за различни спортови и спроведување на наставата по физичко воспитување.
Како што нагласи министерот Шаќири, Владата и МОН и во следниот период остануваат силен партнер и поддршка на локалните самоуправи во реализирање на проектите и процесите од областа на образованието, затоа што тоа е од интерес на децата и младите, и е најголем влог во иднината и развојот на државата.