Во Италија 103 здравствени работници починале од корона вирусот
Бројот на починати лекари во Италија се зголемува секој ден. Во последните 24 часа вкупниот број на жртви помеѓу лекарите пораснал на 103, а медициснките сестри на 28.
„Сто мртви колеги. Тоа е рана на кожата на сите доктори. Никогаш не помисливме дека ќе отидеме толку далеку. Овие броеви мораат да не натераат да размислиме за тоа кој и како треба да не штити. Семејните лекари поминаа најлошо. Останале сами да се борат против вирусот со голи раце. А, ако докторите се разболени, тоа се случило, бидејќи се заразени во текот на посетите на пациентите“, предупредил Претсеателот на Националната федрација на доктори и стоматолози, Филип Анели.
Според него, овој вирус го фатил системот неподготвен и покажал дека е неопходно подобро да се обезбеди заштита на докторите при работа, а тоа е, како што вели, обврска на државата.
Американскиот магазин „Тајм“ ја посветил насловната страна од најновиот број на „јунаците на фронтовите“, на здравствените работници во борба против Ковид 19.
Тоа се „приказни за храбрите работници кои ги ризикуваат животите за да не спасат нас“.
Помеѓу нив е и Италијанецот Франческо Менкизе, анастезиолог од Равена.
Тој има 42 години и работи на одделението за интензивна терапија во болницата „Санта Марија деле крочи“.
„Асистенцијата на одделенијата на интензивна нега, во време на Ковид -19, особено инкубацијата на пациентите, се моменти во кои има најголема изложеност на заразата. Се навикнвме да работиме под притисок, но никогаш не било како сега. Ги имаме сите потребни заштитни уреди, но очиглено сите се плашиме да не бидеме заразени“, вели еден од хероите во бел мантил, Франческо Менкизе.