- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Во канадската провинција Алберта потребни се работници, а просечната плата е 90.000 евра годишно

Во канадската провинција Алберта - Работник
502views

Во Канада, највисоко платени работници се оние вработени во нафтената индустрија, медицината, како и луѓето кои вршат работи поврзани со телекомуникациите. Од друга страна, најниско платените работници се оние кои работат во продавници за малопродажба.

Просечната плата во Канада се движи помеѓу 3.000 и 3.700 евра месечно. Домаќините и чистачите имаат најниска плата, околу 1.600 евра. Луѓето кои работат во областа на транспортот заработуваат околу 2.200 евра месечно, а оние кои се занимаваат со услужни активности имаат околу 100 евра повеќе од нив. Графичките дизајнери заработуваат околу 2.600 евра месечно, а адвокатите околу 2.750 евра, пишува „пари„.

Во областа на здравството, просечната месечна плата е 3.400 евра. Се разбира, ова е просек што вклучува лекари, техничари, медицински сестри и друг персонал. Меѓутоа, ако работите како стоматолог, можете да заработите од 85.000 до 130.000 евра годишно.

Луѓето кои изнајмуваат и продаваат недвижнини заработуваат околу 3.600 евра месечно, како и сметководителите. Просечната месечна плата во областа на осигурувањето е околу 4.000 евра, а инженерите и банкарите заработуваат 4.400 евра.

Просечната месечна плата во авионската индустрија е 4.800 евра. Ако сте пилот, можете да заработите од 50 000 до 65 000 евра годишно.

Од 10-те канадски провинции, Алберта во моментов има најмногу деловни активности. Таму се откриени големи резерви на нафта, па побарувачката за работници е огромна. Алберта е позната и како голема житница, но и како област со изразено присуство на добиток. Во оваа провинција се потребни голем број работници, од работни места во самата експлоатација на нафта, занимања како што се заварувачи, како и голем број возачи на камиони. Просечната плата во нафтената индустрија во оваа провинција е 90.000 евра годишно.