- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

Во која насока треба да се реформира трудовото законодавство?

Трудово закондавство - Работник
334views
Трудовото законодавство опфаќа повеќе области и е уредено со голем број на посебни закони (lex specialis). Најголем број од законите се донесени пред 10-на и повеќе години. Бидејќи трудовата област и работните односи се динамичен дел од правото,но и од севкупните општествени односи неспорно е дека кај најголем број на закони потртебно е да се пристапи кон измени и дополнување, или пак кон сосема нови законски решенија. Но, клучно прашање е во која насока треба да одат измените и кои треба да ги креира?
Трудовите односи треба да ги рефлектираат потребите на македонските вработени и на економско-социјалните услови во земјата. Новите решенија треба да се резултат на социјалниот дијалог помеѓу владата, синдикатите и работодавачите. Во проесот потребно е да се вклучи и стручната и научната „фела“ за да добиеме финален „продукт“ кој што е според македонската мера.
Затоа потребна е внимателност во целиот процес и точно фокусиран и јасен пристап: што сакаме да постигнеме и кои субјекти се повикани во процесот!
проф. д-р Лазар Јовевски
 

РЕФОРМА НА ТРУДОВОТО ЗАКОНОДАВСТВО

Трудовото законодавство опфаќа повеќе области и е уредено со голем број на посебни…

Posted by Проф. д-р Лазар Јовевски on Wednesday, December 23, 2020