Во регион Куманово 98 % од вработените штрајкуваат – Во градинките се прекршува Законот за детска заштита, вели Стојмановски
Бобан Илијевски
Трет ден од Генералниот штрајк на СОНК. Се уште нема никакви знаци дека Владата ќе го повика СОНК на преговори, а штрајковите низ државата стануваат се помасовни, поради тоа што во него се приклучуваат и вработените во образованието и градинките кои не се членови на СОНК.
Во Регион Куманов, од првиот ден, па се денес (трет ден) ист е процентот на синдикалните организации кои штрајкуваат, за порталот Работник вели Претседателот на Регионалниот одбор на СОНК Куманово, Никола Стојмановски.
Во град Куманово штрајкот се одвива во сто проценти од установите кои ги покрива СОНК. Во општините Старо Нагоричане, Ранковце, Липково штрајкот се одвива во сто проценти од синдикалните организации. Во Општина Кратово не штрајкува само градинката „Царка Андреевска“, додека во Општина Крива Паланка не штрајкува само ОУ „Јоаким Крчовски“. Сите други се во штрајк, вели Стојмановски.
На ниво на Регион Куманово, ако од 49 синдикални организации од различни дејности кои ги покрива СОНК, 98 % се во штрајк, додека 2 % не штрајкуваат, вели тој.
Синдикалните организации од културата не се во штрајк, но сите им даваат поддршка, подвлече Стојмановски.
Опструкции во штрајот имало само во градинка во Крива Паланка.
Претседателот на синдикалната организација ми се јави и ми кажа дека се лепат разни флаери, преку коишто се повикуваат децата да дојдат во градинките. На тие памфлети нема ниту потпис, ниту печат, туку само назив на градинката. Тоа за нас е памфлет. Се врши притисок врз оние кои се под договор и врз оние кои се партиски членови да го прекинат штрајкот, но токму поради тоа вработените, тие секојдневно се приклучуваат на штрајкот. Зборувам за градинките. Таму работат само оние кои се под договор на дело и одговрните во градинките, на кои ако не ги згрижат децата им се заканува суспензија и промена на работно место. Оние кои се под договор на дело пак, се плашат дека ќе бидат избркани од работа, вели Стојмановски.
Опструкции во основните и средните училишта во Општина Куманово, Старо Нагоричане, Ранковце и Липково нема, додека во Кратово, опструкции се вршеле од страна на директорка во основно училиште и во основно училиште во Крива Паланка од страна на директорот.
Потенцираше дека оние коишто се на одговорни позиции и оние кои се вработени на договор на дело се натерани да ги згрижуваат децата во градинките.
Исто така, Стојмановски рече дека во градинките се прекршува Законот за детска заштита, бидејќи се врши само згрижување на ученици, но не се работи. Оние вработени кои се задолжени да ги згрижат децата, собираат деца од различни возрасни групи во една просторија, што со Закон е забрането.
- „Успехот“ на минатата Влада и оние пред неа: Над 32 % младинска невработеност, една од највисоките во Европа - 28/04/2025
- ГРАДЕЖНИШТВОТО ОДЗЕЛО НАЈМНОГУ ЖИВОТИ НА РАБОТНИЦИ ВО 2024 ГОДИНА – Еве во кои дејности имало најмногу повредени - 28/04/2025
- Справување со токсични колеги: Водич за одржување на разумот - 25/04/2025