МакедонијаСветот на работникотСиндикат

Во Македонија од 7 до 10 % од работниците се модерни робови

Во Македонија - Работник
295views

Бобан Илијевски

Социолшката наука и логиката нас, но и сегашните деца – среднишкоци не учат за тоа дека унапредувањето и развојот на производните сили неминовно доведува до унапредување на трите основни придобивки на работникот, вели Страшо Јованов, Претседател на независниот синдикат на камионските транспортери на Македонија (Макам -транс), при Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија – УНСМ.

Според него, првата придобивка е намалување на стажот за во пензија којашто во најдобрите времиња работничката класа на Македонија се избори да изнесува 60 години за мажи и 55 години за жени. Второ, кратење на работното време, така трите златни осумки (се мисли за 8 часа работа, осум часа одмор и осум час слободно време), изборени од страна на работниците од Чикаго и Питсбург, во многу држави се претворија во четири платиумски шестки.

„Во многу држави петдневната работна недела е заменета со четиридневна. Актуелните случувања во Франција се за одбрана на овие придобивки и секако за одбрната на ПИО фондот бидејќи французите се залагаат единствно да има државен фонд за пензиско и инвалидско осигурување, поради тоа што приватните фондови се секогаш така конструирани да може во одреден момент, некој поединец да ги украде парите и да нема никаква одговорност за тоа“, рече тој.

Тој истакна дека модерните робови во денешно време се нарекуваат пизо – робови. Наведе дека во САД се околу 67 милиони, во Европската унија некаде околу 35 милиони, додека во Македонија се од 7 до 10 проценти.

Тој посочи дека синдикатите во Македонија за првпат го потенцираат барањето до Владата на РМ за враќање на еднаш веќе изборените работнички права, согласно Уставот на државата. Јованов наведе дека синдикатот бара да се намали, односно да се врати границата за пензионирање на 60 години за мажи и 55 години за жени, како што било во осумдесетите години од минатиот век.

Претседателот на Независниот синдикат на градежни работници, инженери и трговци во градежништвото – ГРИТ-Г при Конфедерацијата на синдикални организации, Атанас Трајковски нагласи дека правата на работниците во ерата на демократска Македонија се намалуваат. Рече дека горенаведените придобивки се скратени и има се поголема смртност на работниците кога ќе одат во пензија, додека некои поради лошите работни услови, умираат и во текот на работниот век.

Трајковски наведе дека едно од нивните барања е и воведување на бенифициран стаж за градежниците, истакнувајќи дека немало да биде потребен истиот доколку би се вратил поранешниот модел за излегување во пензија, меѓутоа, како што рече тој, сега се цели кон зголемување на работното време на работниците, за да одреден број на луѓе профитираат од тоа.

„Доколку не успееме да го вратиме стариот систем за излегување во пензија, тогаш мораме да се избориме за воведување на бенефициран стаж за градежните работници кои вршат тешки физички работи“, рече Трајковски.

На новинарското прашање, дали би се здружиле со Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање – СГИП, за да заеднички побараат бенефициран стаж за градежните работници, Трајковски рече дека би го направиле тоа доколку има волја од синдикатот за заедничка соработка и доколку од зависни, станат независни.

Се осврна и на случаите во Жданец, Нерези, Козле и Трнодол во врска со новиот дуп. Според него, брдото е нестабилно, се лизга и има ерозија, со што не смее паушално да се пристапи кон тој проблем. Порачува дека треба детално да се анализира и нагласи дека тие биле рекетирани од страна на општината.