Во Србија за две недели вработени нови 2,500 здравствени работници
Министерот за здравство на Хрватска, Златибор Лончар изјавил дека во минатите две недели има вработено повеќе од 2,500 доктори и медицински сестри кои претходно биле на специјализација или имале договори на определено работно време.
Според неговите зборови, било неопходно да се направи нова организација, да се обезбедат доволно луѓе, да се обучат да работат и да воспостават систем кој ќе даде резултат.
Здравствениот систем, како што нагласил, мора да функционира на два фронта – еден со оние кои се заразени од корона вирус, а другиот се сите останати пациенти.
Имаме болници кои мораат да работат за итни случаи кога не станува збор за корона вирусот објаснил тој и рекол дека такви установи во Белград се Бежанијската болница, ВМА и Урегентниот центар.
- Ова е можеби најодалечената, но и најслатката работа на светот: Потребни се луѓе за броење на пингвини на Антарктикот - 13/10/2024
- Боинг укинува 17.000 работни места и ја одложува испораката на 777X - 13/10/2024
- Неделков: Колективните договори ќе се потпишат најдоцна до 20 февруари, платите кумулативно ќе се зголемат за околу 50 % - 12/10/2024