Правда

Во Тетово угостителски објекти работат и после полноќ

145views

Тетовската полиција и Државниот пазарен инспекторат ноќеска десетина минути по полноќ при контрола на улицата „29 Ноември“ увиделе дека работи угостителски објект иако согласно прописите во време на епидемијата овозможено е работење на локалите само до 22 часот.

Во содејство и координација со инспекторатот биле извршени контроли во 11 угостителски објекти.

– Полициски службеници го лишиле од слобода 59-годишниот тетовец А.И., чиј угостителски објект без фирма на улица „29 Ноември“ во Тетово бил отворен и работел и во кој престојувале гости. По целосното расчистување и документирање на случајот против А.И. ќе следува поднесок за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, истакна портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Воедно, тетовската полиција продолжува со казни за луѓето кои не се придржуваат до мерките за превенција од коронавирусот.

– Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот (16/17.06), за неносење заштитни маски на 57 луѓе изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба, рече Јосифоски.

Нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат изготвени им се на 73 лицa додека биле контролирани 615 лица со вакви решенија. Во изминатото деноноќие, исто така, изјави за самоизолација потпишале вкупно 10 лица, а контролирани биле 130 лица со потпишани изјави за самоизолација.

Извор: Сител