- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

Вработена во ЈСП обвинува за мобинг, притисоците започнале откако си ги побарала своите права

1.41Kviews

Ги побарала своите права по судски пат, а потоа била деградирана на пониска работна позиција. Елизабета Тошевска, која веќе 35 години работи во ЈСП Скопје, тврди дека е уште една жртва на мобинг.

“Јас сум деградирана, понижена, повредена од моите структури во моментов. За што се работи? 2007 година на идеа на Независниот синдикат на ЈСП организиравме тужби за К-15, односно регрес за годишен одмор што ни следува. Бевме педесетина луѓе, од кои останавме само 18 од причина што ни се закануваа поединечно, нè викаа во канцеларија и ни велеа откажи се”, вели Елизабета Тошевска, вработена во ЈСП Скопје.

Advertisement

Но, Тошевска не се откажала и во октомври 2019 година го добила судскиот спор. Пресудено е дека ЈСП треба да и исплати регрес за годишен одмор за 4 години наназад.

“Откога ги добивам парите, нормално со извршител, нема доброволно да ми даде никој пари, значи ги добивам моите пари, се случуваат икс работи. Значи, почнува мојата голгота. Почнуваат притисоци врз мене, атак врз мене. Пред сè, здравјето ми го нарушија комплетно, останувам 4 месеци на психијатриско боледување. Значи, кој и да е, од камен да е, ќе попушти на такви притисоци. Што се случува? Ме деградираат од работното место, ми ја намалуваат платата, ме ставаат неколку скалила подолу, што сметам дека не заслужувам после толку годишно искуство”, вели Елизабета Тошевска, вработена во ЈСП Скопје.

Advertisement

Елизабета поднела и втора тужба за тоа што била прераспределена на пониска работна позиција. Одговорот од Судот го добила пред неколку дена.

“Пресудата е тука, јас ги добивам. И вака, преку Вашата телевизија сакам да им апелирам дека правдата излегува на виделина. Значи, сепак сум во право. После две добиени тужби сметам дека правдата ќе биде задоволена во догледно време. Уште еднаш би го замолила господинот премиер Заев да дојде во ЈСП, исто и господинот Шилегов, затоа што тој е наш градски татко или татко на нашето Јавно сообраќајно претпријатие и да види дека имаме шерифи што никој ништо не им може”, вели Елизабета Тошевска, вработена во ЈСП Скопје.

Елизабета не запира тука. Веќе поднела и трета тужба против ЈСП, овој пат за мобинг.
Како што велат од ЈСП поради комплексноста на случајот, и потребата да го разгледаат предметот од службата за односи со јавност на претпријатието детали најавија за во понеделник.

Извор: Сител 

Advertisement