- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Вредноста на извозот на стоки од јануари до октомври намалена за 12,8 %, во однос на истиот период лани

Во првите шест месеци - Работник
143views

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – октомври 2020 година, изнесува 287 004 282 илјади денари и бележи пад од 12.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот  јануари – октомври 2020 година, изнесува 376 503 623 илјади денари, што е за 11.5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2020 година, изнесува 89 499 342 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари – октомври 2020 година, изнесува 76.2 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1  и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав. 

Во периодот јануари – октомври 2020 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција. 

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – октомври 2020 година, изнесува 4 653 870 илјади евра и бележи пад од 13.0 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 105 212 илјади евра, што е за 11.7 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2020 година, изнесува   1 451 342 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во перидот јануари – октомври 2020 година, изнесува 5 285 376 илјади САД долари и бележи пад од 11.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 921 008 илјади САД долари, што е за 10.8 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во перидот јануари – октомври 2020 година, изнесува 1 635 633 илјади САД долари.