Германија повеќе не е ветена земја за Балканците? Ги интересираат работници надвор од Европа, подготвиле 90,000 визи за нив
Германија минатиот месец, во текот на посетата на канцеларот Олаф Шолц на индиската престолнина Њу Делхи, ветила драстично зголемување на бројот на квалификувани Индијци кои ќе ги прими на работа.
Воедно, Берлин ветил и дека ќе ја намали бирократијата во процесот на аплицирање и дека ќе го олесни признавањето на индиските професионални квалификации во Германија. Оваа најава била воочена во текот на средбата на Шолц со индискиот премиер Наренда Моди.
Што рекле лидерите?
Германија се согласила да го зголеми годишниот број на визи за квалификувани индиски работници на 90,000, од претходните 20,000.
„Пораката е дека Германија е отворена за квалификувани работници“, рекол Шолц, пренесува DW.
Канцеларот истакнал дека е постигнат „добар напредок“ во привлекување на квалификувани работници, со оглед на тоа дека речиси 250,000 Индијци моментално живеат во Германија. Индијците работат „во сектори каде што се најмногу потребни – било да се работи за медицина, здравствена нега или ИТ сектор“, додал Шолц.
Моди ја оценил спогодбата како економски бенефит за двете земји.
„Кога динимиката на Индија и прецизноста на Германија ќе се сретнат, кога инженерингот на Германија и иновациите на Индија ќе се спојат… подобра индина се одлучува за Индиско – пацифичкиот регион и целиот свет“, рекол Моди.
Индија и Германија пред две години потпишале спогодба за миграција која овозможува поголема мобилност за професионалците и студентите.
Индијците покажуваат голем интерес за „картата на можности“
Податоците, кои се објавени минатиот месец, покажале дека Индијците се најверојатната национална група која може да пронајде работа во Германија според новата програма „карти за можности“.
Од јуни, речиси 2,500 мигранти успешно аплицирале за влез во Германија заради вработување според програмата на коалиционата влада.
Министерството за внатрешни работи сооштило дека регистрирало речиси 550 успшени апликации секој месец откако е воведена мерката, која им овозможува на квалификуваните работници да дојдат во Германија за да бараат работа. Од вкупниот број, 780 од успешните апликации биле од Индија, по што следуваат Кина, Турција и Пакистан.
Извор: Telegraf Biznis
Фото: Shutterstock/canadastock
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025