Правда

Германски пензионер мора да врати 84.000 евра: Оваа грешка скапо го чинеше

Еден германски пензионер ќе мора да врати околу 84.000 евра откако беше утврдено дека не пријавил дека прима уште еден социјален надомест при поднесувањето на барањето за пензија. Информацијата беше откриена од пензиското осигурување дури по неколку години, по што беше покрената постапка и донесена пресуда во нивна корист.

Станува збор за маж роден во 1949 година, кој по повреда на работа во 1967 година примал инвалидска пензија, односно надомест за повреда, а од 2009 година и старосна пензија за лица со инвалидитет.

Премолчувањето доведе до голем долг

Проблемот настанал бидејќи при поднесувањето на барањето за старосна пензија тој не навел дека веќе прима друг надомест, иако на тоа бил јасно предупреден и директно прашан во образецот.

Според германскиот закон, лицата кои истовремено примаат два надоместоци имаат право само на намалена старосна пензија, доколку вкупниот износ го надминува пропишаниот лимит. Поради тоа, пензионерот со години добивал поголеми износи отколку што му припаѓале.

Случајот беше откриен дури десетина години подоцна, кога поради влошената здравствена состојба тој побарал зголемување на инвалидската пензија. Тогаш промената била пријавена до надлежното пензиско осигурување, кое утврдило дека дошло до преплата и побарало поврат на парите.


Судот ја одби одбраната

Пензионерот се бранел со тврдењето дека бил погрешно советуван и дека случајот е застарен, но судот го отфрли тоа. Заклучено е дека прашањата во образецот биле јасни и дека тој постапил крајно невнимателно бидејќи не дал точни информации. Судот не го прифати ниту неговото објаснување дека не ги прочитал предупредувањата.

Поради таквиот пропуст, рокот за поврат на парите е продолжен на десет години, па барањето за рефундација не е застарено. Пензиското осигурување поради тоа имало право да ја поништи претходната одлука и да бара враќање на преплатените средства.

Овој случај покажува колку е важно при поднесувањето на барање за пензија да се даваат точни и целосни податоци, бидејќи и навидум мала грешка може подоцна да доведе до сериозни финансиски последици.

Извор: Telegraf Biznis/Fenix