ГИ ЗГОЛЕМИЈА ПЛАТИТЕ ДО 52 %, А ИМ ДАВААТ И 14 ПЛАТИ ВО ТЕКОТ НА ГОДИНАТА „dm инвестира во своите вработени“
Во ек на економска и енергетска криза, ланецот на дрогерии, dm дрогерие маркт е една од реките компании кои поради високата инфлација на вработените во Македонија им ги зголеми платите од 32 до 52 %.
Од компанијата за порталот Работник велат дека прво корона кризата, па сега енергетската, создале предизвици за кои е потребна макотрпна работна да се надминат.
„Веројатно, не постои компанија којашто може целосно да биде имуна на тоа што се случува“, велат од dm и потенцираат дека компанијата и во време на пандемија и во време на кризи секогаш се труди да ги следи потребите на потрошувачите, вработените и партнерите.
„Како одговорна компанија секогаш ја следиме динамиката на промени од ден во ден и се трудиме да го понудиме токму она што на нашите потрошувачи им е најпотребно, започнувајќи од асортиманот кој го нудиме, па се до поволни понуди“, велат од таму.
За нив, објаснуваат, и во „нормални“ времиња и во кризни периоди водилка е премисата дека човекот е во центарот на сѐ што е дел од работата на компанијата.
Тоа значи, како што велат, без разлика на состојбата на пазарот, dm непрекинато инвестира во вработените.
„Нашиот слоган е ‘Тука сум човек, тука купувам’, а таквото вреднување на нашите ценети потрошувачи секојдневно го применуваме и на сите членови на тимот – како на ниво на концерн, така и во земјава“, посочија од компанијата.
Колку ваквите позитивни политики на работа ви помагаат во пронаоѓањето на нов кадар?
Пронаоѓањето нов кадар, велат, е просец на кој, како компанија која вложува време и енергија во човечките ресурси, секогаш посветуваат значително внимание.
„Веруваме дека придобивките што dm ги овозможува на постоечките вработени, на одреден начин го олеснуваат привлекувањето на нови членови на нашиот тим. Истражувањата во многу земји во Европа покажуваат дека dm е посакуван работодавач, а со постапките преку коишто докажуваме дека навистина ги вреднуваме вработените, веруваме дека оваа перцепција во иднина уште повеќе ќе ја зајакнеме, како на ниво на Европа, така и во Македонија.
Како се справувате со одливот на работна сила?
Во ера на глобална комуникација, отворени граници и можност за пронаоѓање на работа надвор од државата на живеење, разбирливо е да има промени и флуктуација на ниво на целиот пазар на труд, образложија од dm.
„Овој процес отсекогаш бил природен, можеби сега има поголема видливост, но dm ги почитува принципите според кои вработените се стожерот на кој се потпира развојот и опстојувањето на брендот и затоа секогаш сме подготвени да обезбедиме најразлични поволности за членовите на нашиот тим“, наведоа од компанијата.
Платите, како што велат, се особено значајни, па поради тоа го направиле и неодамнешното зголемување, но веруваат дека поддршката на вработените се обезбедува и на други начини и затоа работат на пронаоѓање и унапредување на тие поволности.
Од каде е идејата да им овозможите на вработените ваучери за пазарување и какви други бенефити им обезбедувате?
Покрај ваучерите за пазарување во нивните продавници, dm на своите вработени им овозможува и личен и професионален развој, 14 атрактивни плати во текот на годината, проширени здравствени систематски прегледи, ваучери за приватни здравствени прегледи и бесплатни курсеви по германски јазик, велат од компанијата. Се одржуваат и редовни обуки и семинари кои на вработените им се достапни во текот на целата година.
„Идејата за сѐ ова потекнува од желбата да придонесеме секој наш вработен да биде задоволен и среќен на работното место, да се движи напред, како со работата, така и со личниот развој. Тоа е двонасочен процес во кој ние вложуваме со цел да ги поддржиме нашите вработени, а тие вложуваат во сегашниот и идниот успех на dm“.

