Правда

Ги искористувале децата: Покренати обвиненија против Ејпл, Гугл, Мајкрософт…

Ги искористувале децата - Работник
152views

Пет водечки технолошки компании се обвинети дека носат дел од одговорноста за смрт и тешки повреди на деца во Африка кои биле принудени на присилна работа во рудниците за кобалт.

Обвинението против Тесла, Ејпл, Алфабет, Мајкрософт и Дел Технолоџис го подигнала американската непрофитна организација Меѓународни заговорници на правата пред судот во Вашингтон, во име на 14 семејства од Демократска Република Конго.

Компаниите се дел од системот на присилна работа кои според тврдењата на семејствата резултирале со смрт и тешки повреди на нивните деца, тврдат од организацијата.

Ова е прв случај повеќе компании од технолошкиот сектор да се соочуваат со судска постпака поради вадење на кобалт, вели Ројтерс.

Со судските документи се приложени фотографии на деца со деформирани раце и нозе. Некои се и осакатени.

Шест од 14 деца во тој предмет настрадале во уривањето на тунелот, а останатите претрпеле повреди кои им ги смениле животите, вклучувајќи парализа, истакнуваат Меѓународните заговорнци на правата.

„Тие компании – најбогатите компании на светот, компании кои произведуваат фенси уреди – го толелирале оскатувањето и убивањето на деца за да можат да дојдат до евтин кобалт“, рекол за „Томсон Ројтер Фаундејшн“ адвокатот на семејствата, Теренс Колингсворт, пренесува „Сибиз“.

Поради екстремната сиромаштија на семејствата, децата – некои на возраст од шест години – биле присилени да го напуштат училиштето и да работат на вадење на кобалт во сопственост на рударската компанија Гленкор.

Гленкор веќе се соочил со обвиненија дека користи детски труд.

Некои деца биле плаќани само 1,50 долари на ден, а работеле шест дена во неделата, истакнуваат Меѓународните заговорници на правата.

„Тие луѓе мораат да бираат помеѓу смрт од глад и ризикување на животот за да се прехранат“, предупредува Колингсворт.

Дел Технолоџис на барање на Томсон Ројтер Фондејшн за коментар, по електронска пошта одговорил дека „никогаш свесно не набавувал суровини“, произведени со детски труд. Додале дека покренале истрага за тие наводи.

Од Тесла, Ејпл, Гугл, Мајкрософт и Гленкор не одговориле веднаш на барањето да ја коментираат информацијата за обвинението.