ПравдаСветот на работникот

Ги обвини здравствените работници дека не знаат да користат заштитна опрема, а еве како се појави вчера во Куманово

163views

Епидемиологот доктор Жарко Караџовски пред неколку дена предизвика бура од реакции во медиумите, но пред се во медицинскиот свет поради тоа што ги обвини медицинските лица дека се заразиле со коронавирусот бидејќи не знаеле да ја користат опремата, пишува порталот Инфомакс.

Како што наведува Инфомакс, самиот тој вчера додека беше во Куманово покажа дека ниту тој не знае како да ја носи својата заштитна маска.

Истата додека му беше под носот, со рацете се чешаше за нос и беше во присуство на веќе денеска позитивниот на коронавирус градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.