МакедонијаПравдаСветот на работникот

Гласен Текстилец испрати апел до политичките партии да му ги презентираат програмите во однос на работничките права

688views

Со години наназад се бориме и ги застапуваме правата на текстилните работници. Јавноста е сведок дека нашата борба не е само декларативна, туку суштинска. Во секоја можност ги потенцираме проблемите со кои се соочуваат работниците во текстилниот сектор. За таа цел секогаш и секаде, ќе ги искажуваме нашите ставови во однос на целокупната проблематика со која се среќаваат текстилците и ќе ги презентираме нашите предлог решенија за подобрување на нивниот работен статус.Без разлика дали станува збор за предизборен или постизборен период, од сите релевантни политички фактори кои претендираат да ја добијат довербата на граѓаните, бараме да дадат слух за нашата работа и можност да ги покажеме аномалиите во текстилната и кожарската индустрија, да посочиме начини како може да се изнајдат решенија од кои ќе бидат во интерес на работниците, а нема да бидат на штета на работодавачите

Јавно објавуваме дека ќе присуствуваме на сите средби на кои ќе бидеме поканети од било која политичка партија на која ќе можеме да ги слушнеме програмите и ставовите на теми работнички права и социјална заштита. Воедно и да ги изнесеме ставовите и барањата и моменталната состојба ,како и предлог решенија за подобрување на статусот на работниците од приватниот сектор.
Истите разговори и средби транспарентно ќе бидат објавени и образложени на страницата на Гласен Текстилец .
#SocialenDijalog – пишува здружението “Гласен Текстилец” на фејсбук статус.