НовостиПравдаСветот на работникот

„Гласен Текстилец“: Преку дијалог со новото раководство на „Дама текс“ исплатена една плата

   Време за читање 1 минута

Новото раководство на пробиштипската конфекција „Дама текст“ ја исплати платата за април на околу 40 работници, информираше денеска Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“-Штип. Таа истакна дека започнат е дијалог со новото раководство при што како што вели видовме дека истиот вроди со плод.

-Во текот на вчерашниот ден беше исплатена платата за месец април во „Дама текс“ благодарение на соработката со новото раководство на фирмата „Еуротекс компани“ и „Гласен Текстилец“. Ќе ја следиме ситуацијата и ќе ги направиме сите напори, за да бидат исплатени сите долгови кон вработените од претходното раководство, вели Ампева.

Посочи дека ќе продолжат да ја следат состојбата и бараат побрза исплата за останатите плати, но и почитување на правата на работниците, согласно нашите закони од работен однос и новите закони од Р. Германија наменети за компаниите кои работат внадвор од Р. Германија.