Гласен Текстилец учествуваше на Лидерска програма на која се споделиле искуства за работничките права
Фејсбук статус на Гласен Текстилец:
Претставници на Гласен Текстилец на средба со учеснички од Лидерската програма на The Kvinna till Kvinna Foundation
Минатата недела претставници на Гласен Текстилец присуствуваа на заеднички состанок во Штип со учеснички од Лидерската програма на The Kvinna till Kvinna Foundation, која се спроведува во Шведска и е насочена кон поддршка и развој на млади жени со миграциско потекло.
Средбата беше можност да се споделат искуства, да се презентира работата на нашата организација и да се разговара за состојбата со работничките и женските права во текстилната индустрија во Македонија.
Им благодариме на Kvinna till Kvinna за поканата и на сите учеснички за инспиративната размена! ![]()
![]()

