- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Гласен Текстилец: Работници, пред да потпишете нови договори, консултирајте не

355views

Фејсбук статус на Гласен Текстилец: 

⚠️Важно!!!

🔴Гласен Текстилец доби созние, дека во една поголема фирма во Штип на работниците им е кажано, дека утре треба да се потпишат на нови договори поради промена на името на фирмата.
🔴Апелираме да не се потпишувате на ништо, едноставно земете ги договорите за дома да ги разгледате убаво и да се консултирате со нас, јавете ни, пишете ни да се консултирате со нас.
🔴Доколку фирмата се соочува со тешкотии треба да даде отказ од деловни причини, а не да се менуваат фирми или да се потпишувате на трансформации од неопределено на определено време.
🔴Со отказот од деловни причини ве следува и соодветна испратнина. Во спротивно доколку потпишете нешто што не е во ваша корист нема да можете да си ги остварите вашите права.