МакедонијаПравдаСветот на работникот

Гласен Текстилец: Уште една успешна соработка со Државен трудов инспекторат!

338views

По барање на Гласен Текстилец , направен е инспекциски надзор во конфекција во Охрид каде е утврдено дека
📌вработените работеле прекувремена работа, а не им е исплатена
📌имале работа на државен празник и тоа исто не им е исплатено.
Овие неправилности се утврдени преку електронската евиденција на работното време.

🔴На работодавачот му е издадено решение да им исплати соодветен надомест на вработените за работата на празник и прекувреме и опоменат е тоа да не го повторува.

🔴Уште една успешна соработка со Државен трудов инспекторат! – напишаа од Гласен Текстилец на фејсбук страната.