СветСветот на работникот

Голема промена за работниците: „Не сакаме да го плаќаме првиот ден од боледувањето“

Германските работници сѐ повеќе денови во годината ги поминуваат дома велејќи им на своите работодавачи дека се болни. Поради тоа, директорот на осигурителната компанија Allianz сега бара построги правила.

Првиот човек на Allianz, Оливер Бејте, изнел контроверзна идеја за реформа. Во интервју за германските медиуми предложил повторно воведување на т.н. денови на чекање.

„Тоа значи дека работниците сами би ги покриле трошоците за првиот ден од боледувањето“, рекол Бејте.

Оваа мерка, според него, би го намалила товарот врз работодавачите. Во Германија, за разлика од многу други земји, континуираната исплата на плата од првиот ден од боледувањето е на сила веќе со децении, наведуваат германските медиуми.

Бејте својата иницијатива ја оправдал со големиот број на боледувања во Германија. Просечно, работниците во оваа земја изостануваат 20 дена годишно од работа, додека просекот во Европската унија се само осум дена.

Германија – рекордер по бројот на боледувања

„Германија сега е светски шампион кога станува збор за боледувањата. Тоа ги зголемува трошоците на системот“, рекол Бејте.

Според неговите пресметки, германските работодавачите годишно плаќаат 77 милијарди евра за континуираните исплати на плати на работниците кои се на боледување. За здравствено осигурување дополнително издвојуваат 19 милијарди евра, што сочинува вкупно околу 6 проценти од социјалните трошоци. Во ЕУ тој процент просечно изнесува 3,5 %, пренесуваат германските медиуми.

Бејте смета дека воведувањето на денови за чекање би можело да го намали и бројот на лажни боледувања. Исплатата на плати би започнала дури по добивањето на официјалната лекарска потврда за болеста.

Повик за реформа на здравствениот систем

Во интервјуто, Бејте апелирал и на сеопфатни реформи на здравствениот систем. Во општество кое старее, потребно е да се преиспитаат финансиските приоритети.

Трошоците на задолжителните осигурителни друштва во Германија до 2024 година би можеле да достигнат до 289 милијарди евра, додека придонесите на граѓаните и понатаму растат.

Истовремено, Германците релативно често посетуваат лекар.

„Германија е на седмо место во светот по бројот на посети на лекар, што навистина неверојатно“, рекол Бејте.

Тој проценува дека поефикасната организација би можела да доведе до заштеда до 40 милијарди евра, а тие средства би можеле да се насочат и на други потреби во здравствениот систем.

Извор: b92.net

Фото: Aleks2410/Shutterstock