- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

Гостиварска неврологија ќе лекува заболени од ковид-19

Гостиварска неврологија - Работник
89views

Зголемениот број на заразени со корона вирусот во гостиварскиот регион ја принуди управата на болницата „Ферид Мурад“ да ги зголеми капацитетите за сместување на болни од ковид-19 на одделот за неврологија. На располагање  ќе бидат ставени и дваесетина здравствени работници и дваесет болнички кревети.

Имајќи ја предвид алармантната состојба од зголемувањето на бројот на заболени од вирусот ковид- 19 во Гостивар и пошироко денес на 27.11.2020 година, директорот на болницата и координативната група, донесоа одлука како центар на ковид 19 да биде и одделот за неврологија. Од денес во функција ќе бидат над 20 болнички кревети и над 20 здравствени работници, поточно лекари и технички здравствен персонал кои во секој момент ќе бидат на услуга на пациентите, соопшти болницата.

Освен на инфективното одделение, поранешната хемодијализа, од минатата недела, пациенти со ковид се хоспитализираат и во дел од интерното одделение.

Во текот на вчерашниот ден по извршените тестирања, во гостиварскиот регион од почетокот на пандемијата беа регистрирани рекордни 94 случаи на Ковид-19, а 52 за оздравени.

Покрај апелот за почитување на мерките, од болничката управа посочуваат на важноста да не се прават посети на болните кои лежат на одделенијата.

– Апелираме да се избегнуваат посети на хоспитализираните пациенти. За специјалистички-консултативни прегледи, прво да се посети матичниот лекар и само за итни случаи да се бараат болнички услуги. Почитувајте го медицинскиот персонал кој дава се од себе и се бори во моментот со невидлив непријател. Само на овој начин можеме прво да се заштитиме себеси, нашето семејство, роднините и општеството – се наведува во соопштението.

Advertisement