Гостиварци тепале полицаец за време на полициски час
Време за читање помалку од минута
Вчера околу 20.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Д.Н.(34) од Гостивар, поради сомнение дека сторил кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, како и И.М.(35) и С.Т.(36), исто така, од Гостивар, поради сомнение за „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ и за „неовластено снимање“.
На нивното лишување му претходела пријавена поплака за нарушување на јавниот ред и мир на ул.„Мара Угринова“ во Гостивар, по што биле преземени соодветни службени дејствија од полициските службеници. Тројцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени поднесоци.
Latest posts by Портал Работник (see all)
- РАБОТА СО ПОЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ И ПОКРАЈ ИНВАЛИДСКАТА ПЕНЗИЈА – под овие услови во Германија тоа сепак ќе биде возможно - 20/01/2025
- ГО ПРАШАА МАСК КАКО УСПЕВА ДА ВОДИ ШЕСТ КОМПАНИИ ОДЕДНАШ: Одговори со неколку зборови - 20/01/2025
- СПМ: Синдикатот на полиција во Македонија ги достави предлог измените за Законот за внатрешни работи - 17/01/2025