Македонија

Градоначалникот Филип Темелковски другаруваше со дечињата од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“

Градоначалникот - Работник
144views

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски денеска другаруваше со дечињата од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“.

Во пресрет на новгодишните празници, Темелковски учениците од училиштето ги израдува со новогодишни пакетчиња и им посака убави празнични денови.

Градоначалникот нагласи дека како и оваа година така и следната, училиштето ќе ја има поддршката од Општина Кисела Вода.