Дали во вашето CV пишува дека сте тимски играч, а во реалноста не сте? Тоа е во ред
Проблемот со кои се соочуваат оние кои бараат работа и одат на разговори за одредена работна позиција е прикажувањето на своите достигнувања, бидејќи стравуваат да не звучат премногу ексцентрично. Регрутерите и менаџерите за вработување сакаат да го разберат вашето искуство и вештини, но се сакаат во потполност да бидете фокусирани на себе за време на интервјуто.
Она што навистина го сакаат е да докажете дека сте тимски играч. Ова е ставка која многумина ја вметнуваат CV-то, не размислувајќи навистина за истата. Во светот има многу вработени кои не се тимски играчи и тоа е во ред. И да не сте тимски играч, работата може да функционира.
Решението е да ги користите вистинските зборови.
А зошто ова е важно? Истражувањата ги рангираат соработката и тимскиот дух како број еден карактеристика која се бара на денешниот конкурентен пазар на труд.
Причината поради која соработката е на врвот на оваа листа е тоа што работодавачите веруваат дека кандидатите за работа кои соработуваат подолго ќе останат, добро ќе работат во хибридна средина и ќе дадат најдобри резултати.
Ако сакате да се вработите, еве пет начини да звучите како некој кој умее да соработува на интервју за работа:
- Не претерувајте со своите „јас“ изјави
Кога зборувате за себе, внимавајте да не користите премногу „јас“ изјави, бидејќи лесно е да се падне во таа замка. Да претпоставиме дека оној кој ве интервјуира ве прашува да му кажете нешто повеќе за себе.
Многу е примамливо веднаш да одговорите со „Направив ова“ или „Направив она“.
Иако е тешко да избегнете да зборувате во прво лице, слушајте се себеси за да знаете дали сте претерале. Однапред снимете ги вашите одговори и ако слушнете „јас“ во неколку последователни реченици, вежбајте повторно, елиминирајќи некои од „јас“. На пример, во следниот пасус има премногу „јас“:
„Отсекогаш сакав да бидам доктор. Ми се допадна идејата да им помагам на луѓето. И затоа се одлучив за медицина“.
Наместо тоа, речете:
„Мој сон уште како дете беше да станам доктор, и тоа ме наведе да ја продолжам кариерата во медицина, специјализирајќи кардиологија“.
Минимизнирањето на користењето на прво лице ви овозможува, наместо тоа, да ги нагласите своите поголеми цели.
- Речете „ние“ и „ти“
Кога опишувате проекти кои биле успешни, вклучете ги другите во приказната. Можете да кажете.
„Бев повикан да бидам дел од нова програма за развој на софтвер. Тимот се состоеше од 10 луѓе, сите остроумни. Работевме деноноќно во текот на неколку месеци за да ја постигнеме нашата цел: испорака на производ без грешки, на време и во рамките на буџетот“.
Ако сте биле лидер на тим кој работел на таков проект, немојте да го криете тој факт. Кажете дека сте биле дел од таков тим. Речете:
„Како лидер на тимот, знаев дека мораме да исполниме некои амбициозни цели. И се погрижив да ги исполниме“. Потоа покажете како сте го направиле токму тоа.
Како што почнавте, така завршете со тимот.
„Кога го завршивме проектот, сите славевме со нашиот клиент кој беше многу задоволен“.
- Пофалете ги оние кои помогнале во вашата кариера
Покажете му на менаџерот дека соработувате така што ќе кажете како ви помогнале другите на вашиот пат кон успехот. Сите знаат дека една успешна кариера се гради на односи. Не би биле таму каде што сте ако сте немале ментор.
Пред да одите на следното интервју за работа, запишете приказна која покажува како другите ви помогнале на вашиот пат кон кариерата.
- Разговарајте за соработката на новата позиција
Во текот на интервјуто погрижете се да се претставите како некој кој ќе изгради силни работни односи во компанијата. Покажете ѝ на секоја личност која ве интервјуира дека соработувате со нив или нивните тимови.
„Го прашав секој кој досега ме интервјуираше како на таа позиција можам најдобро да ги поддржам колегите и да ги зголемам придонесот кон компанијата“. Ова би бил добар начин да покажете дека поседувате вештини за соработка.
- Зборувајте за соработката на работа
На крајот, задолжително одете на интервју со неколку приказни за тоа како сте ангажирале група на луѓе или тим на работа и како со своето лидерство заедно сте постигнале нешто посебно.
Приказните би можеле да се фокусираат на работни ситуации. Но можат да се однесуваат на ситуации вон работното место. На пример, можеби имате приказна за спортски тим во кој сте биле вклучени, претстава или концерт кој сте го надгледувале, добротворен настан во кој сте презеле водство или школски проект кој вие сте го започнале.
Овие приказни не мора да значи дека ќе ви паднат на памет додека сте на разговор за работа. Затоа подгответе ги однапред и ќе освоите големи поени кај потенцијалниот иден работодавач.
(BIZlife.rs)
Фото: Unsplash

