НовостиСветот на работникот

Дали CV-то останува во историјата? Еве што би можело да го замени

   Време за читање 6 минути

Во CV-то стојат основните податоци за личноста, образованието, работното искуство… и можеби дел за обавена волонтерска работа, лични интереси или вештини. Но само доколку нив ги собира на еден А4 лист хартија. Тоа е традиционалното ограничување за професионалната биографија.

Полека, но сигурно, изгледа дека ова се менува, бидејќи ако кандидатите имаат универзитетска диплома не значи дека работодавачите го нашле вистинскиот работник.

Наместо тоа, сега се клучни вештините на барателот на работа.

Пристапот на прво место

Трендот на вработување базиран на вештини се забрзува во последните месеци, бидејќи компаниите се борат со тесниот пазар на труд, економските притисоци и поголемите очекувања на идните вработени.

Во јуни, податоците на LinkedIn сугерирале дека околу 45 % од компаниите користеле податоци во врска со вештини за пронаоѓање на нови таленти во текот на претходната година. Се чини дека овој број се зголемил од тогаш.

„Повеќе од 50 % од вработените на LinkedIn сега експлицитно користат податоци за вештните, а членовите на оваа мрежа додале повеќе од 500 милиони вештини на своите профили во последните 12 месеци“, рекол Адам Хокинс, шеф на одделот за пребарување за ЕМЕА и ЛАТАМ на LinkedIn, за CNBC Make It.

Влијанието и врз компаниите и врз кандидатите може да биде огромно, бидејќи се‘ повеќе се проширува вработувањето на кандидати врз база на вештините, давајќи им поголем избор на кандидатите за работа и работодавачите.

„Истражувањето на LinkedIn открива дека пристапот кој се заснова на вештини може да додаде до 20 пати повеќе квалификувани работници во групата на таленти на работодавачите, како и да го зголеми уделот на жени во групата на таленти за 24 % во индустриите во кои жените не се доволно застапени“, рекол Хокинс.

И така, иднината на CV-то е неизвесна. Како би можело тоа да изгледа и дали воопшто ќе постои?

Биографиите во иднина

На експертите една работа им е јасна – биографиите во иднина нема да изгледаат како сега.

Тоа ги вклучува и нивната содржина и изглед, истакнал Дејв Ризо, водач за стратегии за таленти и операции во Deloitte за CNBC Make it.

Тие ќе вклучуваат повеќе детали кои ќе ги „оживуваат“ кандидатите, како што се „нивните вештини, нивното влијание, нивната личност, која цел се обидуваат да ја постигнат, што им е важно“, рекол тој.

Поради тоа и правилата за распоредот на биографиите брзо исчезнуваат, додал Ризо.

„Форматот на традиционалната професионална биографија кој хронолошки е поставен на тој начин прво да е наведено образованието, позициите/описот на работните места и годините на искуства, избледува“, посочил тој.

Имањето на „совршено“ CV повеќе не им значи толку како што било тоа случај во минатото, за CNBC Make it, рекла Џулија Полак, главен економист во ZipRecruiter. Појавувањето на ChatGPT и другите алатки базирани на вештачка интелигенција го олеснила процсот на изработка на CV, што значи дека тоа е помалку вредно и информативно за работодавачите.

„Вашето CV може да биде совршено, но повеќе нема да биде доволно“, рекла таа.

Нема повеќе CV?

Ако CV-то нема да изгледа исто, дали би можело да биде потполно заменето?

Ризо од Deloitte смета дека тоа се развива во она што се нарекува „дигитално досие“. Тоа би било „преносливо, поврзано со индустријата и би можело лесно да се вчита во механизам за спарување на работни места“, рекол тој.

Полак од ZipRecruiter предвидува сличен развој.

„Ќе има се‘ повеќе дигитални сметки, како што се профилите на барателите на работа на мрежите кои вклучуваат онлајн верификација на дипломи, одобрувања и препораки, вештини, видео презентации, линкови до мултимедијални производи“, рекла таа.

Како што традиционалните биографии стануваат се‘ помалку релевантни за работодавачите, можат да се појават и нови облици на процеси за скрининг како дел од апликацијата за работа, навеле експертите.

Полак сугерира дека компаниите ќе сакаат да се состанат со потенцијалните вработени порано во процесот на вработување отколку во моментов, дури и ако тоа е само виртуелно или пак да додадат повеќе процени на вештните во својот пристап на вработување.

Нови начини за процена на кандидатите

Можат да се појават и нови начини за процена на кандидатите, рекол Ризо.

„Можевме да видиме некои интересни еволуции кои вклучуваат помрднување од листата на работните места кои ги истакнуваат стекнатите вештини и демонстрирање на тие вештини низ почетните скрининзи кои вклучуваат процени/симулации и активности за решавање на проблемите во реално време кои се преведуваат на релевантните работни ситуации со кои поединецот ќе се сретне“, објаснил тој.

Исто така, референците и потврдите би можеле да добијат повеќе на важност, додал тој, и да станат дел од идејата на Риз за „дигитални досиеја“.

Значи, иако Ризо не верува во иднината на класичното, традиционално CV, тој мисли дека некој облик на докумнетот или профилот ќе остане.

Полак за разлика од него не очекува крај на CV-то.

„Совршеното CV нема да застари. Напротив, ќе стане основен услов. Иако може да дојде до некои прилагодувања во содржината или целокупниот процес на аплицирање“, заклучила таа.

Извор: BIZLife

Фото: Pexels