НовостиСветСветот на работникот

ДВ: Проблемите на странските работници во Хрватска

   Време за читање 1 минута

Бројот на странски работници кои доаѓаат на хрватскиот пазар на труд е во пораст веќе неколку години, медиумите објавуваат податоци за веќе пристигнати над 100.000 лица, а некои очекуваат двојно повеќе за оваа година.

Јавноста е добро запознаена со исклучително тешките, експлоататорски услови во кои живеат и работат во Хрватска. Тие се оставени на милост – всушност повеќе на немилост – на  посредничките агенции за вработување,  како и на работодавачите, додека државата како регулатор останува главно пасивна.

„Законите слабо ги штитат работниците, па и таквите слаби прописи често се прекршуваат. Судовите се бавни, инспекцијата, по сопствено признание, е со недоволен капацитет“, ни изјави за тоа Јаков Колак, организатор во Регионалниот индустриски синдикат (РИС) и политиколог. Според неговиот увид, малку се странските работници кои се организирани од синдикатите, а огромното мнозинство од оние кои се обидуваат да се организираат – наидуваат на отпор од работодавачите.

Општата информираност за работничките права и синдикатите се притоа многу слаби, а положбата на мигрантските работници е уште полоша. Системот им даде практично слобода на работодавците да се постапуваат со работниците мигранти како што сакаат.

Повеќе на Дојче Веле