Девојка дала отказ: „Платата од 1,600 евра неделно не вредеше“ (Анкета)
Сара Грејс е 20 годишна тиктокерка од Австралија која неодамна споделила вирално видео во кое објаснила зошто дала отказ од работата за која била плаќана 1,800 долари неделно (околу 1,644 евра).
Претставничката на Генерацијата Зи работела во агенција за недвижности, а во видеото нагласила дека нејзините примања „не биле доволно вредни“, како и дека го известила шефот дека дава отказ.
Погледнете го видеото:
@gracesarahhh TikTok do your thing?
♬ original sound – Grace Sarah
Му реков дека 1,800 долари неделно не ми вредат, објаснила па ги оставила тиктокерите зачудени, кои брзо пресметале дека нејзниот годишен приход надминувал 93,000 долари, односно 84,000 евра.
Немам поим што ќе правам, но имам шест недели да смислам, бидејќи толку ми остана до рокот кога треба да платам кирија“, рекла во видеото кое предизвикало бурни реакции.
„Ќе зажалиш“, „Тоа не е паметно“, „Млада си и правиш драстични потези“, „Ова е тешко промашување“, „Твојата генерација е комплицирана и има преголеми очекувања“, „Овие денешни деца немаат поим“, се дел од коментарите.
Сара подоцна објаснила дека нејзината плата „не била вредна“, како и дека „работата била добра, но шефот не бил“. Што би направиле Вие?
[ays_poll id=2]Извор: b92.net
- КАКО ДА ОДГОВОРИТЕ НА ПРАШАЊЕТО „КОЛКАВА ПЛАТА ОЧЕКУВАТЕ?“ НА ИНТЕРВЈУ ЗА РАБОТА – ПРАКТИЧНИ СОВЕТИ НА ИЗАБЕЛА ШКОФ, СОВЕТНИК ЗА РАЗВОЈ НА КАРИЕРА [Видео интервју] - 17/04/2025
- МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТНИЦИ СЕ ВИСОКО АНГАЖИРАНИ, НО МНОГУ ГНЕВНИ: Состојбата во Европа со ангажираноста на вработените со акцент на Македонија - 13/04/2025
- ЕДНО ПРАШАЊЕ: КАДЕ ДА ПРИЈАВАМ МОБИНГ? - 10/04/2025