- Advertisement -
МакедонијаСветот на работникотСиндикат

Денар.мк: Синдикатот го возвраќа ударот, бараат работодавачите да кажат зошто се против 12 месечно породилно и слободен викенд за работниците!

Синдикатот го возвраќа ударот- Работник
175views

По објавата на Денар дека работодавачите се против породилното отсуство да трае 12 месеци и не се согласуваат сабота и недела да бидат неработни денови не само во јавниот сектор туку и во стопанството, тоа ги разлути синдикалците. Синдикатот сега бара од работодавачите да ја кажат причината зошто не се согласуваат работниците да имаат подобри права, и покрај тоа што работниците го создаваат капиталот во компаниите.

Неколку дена по ставот на Организацијата на работодавачи дека 12 месечното породилно отсуство не е реално барање на синдикатот, и сабота и недела според Бизнис Конфедерацијата на Македонија е проблематично да бидат неработни денови во приватниот сектор, се огласија повторно од Сојузот на Синдикати на Македонија. Претседателот на ССМ Дарко Димовски за Денар вели дека ги чека работодавачите детално да му ги објаснат причините со кои не може да се реализираат во пракса според него овие подобрувања на правата на работникот. Барањата кои минатата недела синдикалците ги претставија на владиниот тим, предводен од премиерот Зоран Заев тврдат дека се реални и издржани. Ги повикуваат сега работодавачите да седнат на заедничка маса со нив и да ги спротистават аргументите, проблемите и решенијата и на тој начин велат од ССМ ќе се види кој е во право.

Advertisement

Повеќе прочитајте на денар.мк

Advertisement

Advertisement
Advertisement