ЕкономијаМакедонијаНовости

Денеска започнува изградбата на „Лидл“ кај Куманово

   Време за читање помалку од минута

Денеска во индустриската зона Новине и Речица и во Куманово ќе започне да се гради големиот логистички и диструбитивен центар на „Лидл“. Утре треба да бидат удрени темелите на логистичкиот центар кој се очекува да вработи стотина лица.

Компанијата ќе го гради на околу 17 хектари земјиште што за 5,3 милиони евра го купи од општината.

На настанот ќе присуствува и ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања и инвестиции Фатмир Битиќи.