ЕкономијаМакедонија

Почнува изградбата на „Лидл“ во Струмица – Николоски на свечената церемонија

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе престојува во работна посета на Струмица, каде ќе присуствува на почетокот на реализацијата на една од најавените странски инвестиции во регионот.

Во рамки на посетата ќе биде поставен камен-темелникот на новиот продажен објект на компанијата „Лидл“, а на свеченоста ќе присуствуваат и претставници на компанијата, меѓу кои оперативниот директор за Северна Македонија, Рубријан Хаџиев, како и градоначалникот на Струмица, Петар Јанков.

Покрај учеството на церемонијата, Николоски ќе го посети и селото Просениково, каде ќе изврши увид во текот на изградбата на комунална инфраструктура. По посетата се очекува тој да даде изјава за медиумите.

Од компанијата посочуваат дека новата инвестиција ќе придонесе за економскиот развој на регионот преку отворање нови работни места, проширување на трговската понуда и создавање нови можности за соработка со домашните производители и добавувачи.