Европа го добива првиот бродски тунел: Ќе биде долг 1,7 километри и висок речиси 50 метри (ВИДЕО)
Норвешка направила клучен исчекор кон реализација на еден од најневообичаените инфраструктурни проекти во Европа.
Откако парламентот го одобрил финансирањето, отворен е пат за изградба на тунелот Штад, кој ќе стане првиот бродски тунел со толкава големина на светот, пишува BiznisInfo.ba.
Норвешката крајбрежна управа објавила дека е спремна да ги започне сите неопходни процедури за изградбата да може да започне на почетокот на 2027 година.
Проектот е осмислен за да се овозможи побезбедно поминување на бродовите околу полуостровот Штад, подрачје кое се смета за едно од најопасните делови од норевшкото крајбрежје поради честите невремиња, силните ветрови и високите бранови.
Тунел низ планина за големи бродови
Тунелот за бродови Штад ќе биде долг околу 1,7 километри, широк 36 метри и висок речиси 50 метри, додека длабочината на пловниот канал ќе биде 12 метри. Таквите димензии ќе овозможат поминување на товарни бродови и поголеми патнички пловила со капацитет до 16.000 бруто тони.
Тунел ќе биде пробиен низ планината на најнискиот дел од полуостровот Штадландет, што ќе им овозможи на бродовите да избегнат пловидба на отворено море на делот од брегот познат по исклучително неповолните временски услови.
Според процените на норвешките власти, новиот премин ќе ја зголеми безбедноста на поморскиот сообраќај, ќе ги намали доцнењата предизвикани од лошото време и ќе овозможи посигурен превоз на роба и патници во текот на целата година.
Проектот се најавува со децении
Идејата за градењето на бродскиот тунел низ Штад постои од крајот на 19 век, но дури во последните години добил политичка и финансиска поддршка.
По усвојувањето на ревидираниот државен буџет во норвешкиот парламент, обезбедни се средства за почеток на реализацијата, додека норвешката крајбрежна управа подготвува тендерски процедури и избор на изведувачи на работата.
Вкупната вредност на проектот се проценува на неколку милијарди норвешки круни, и тоа е еден од најамбициозните проекти на поморската инфраструктура во Европа.
Се решава проблемот со еден од најопасните делови на крајбрежјето
Полуостровот Штад со децении претставувал предизвик за поморскиот сообраќај поради честите невремиња кои создаваат големи бранови и исклучително тешки услови за пловидба.
Затоа многу бродови сега чекаат поповолно време пред да го продолжат патувањето низ тој дел од норевешкото крајбрежје.
Изградбата на тунелот ќе ја направи пловидбата побезбедна и попредвидлива, а Новешка ќе го добие единствениот инфраструктурен објект кој не е изграден на ниедно друго место во светот.
Се очекува дека работите ќе започнат на почетокот на 2027 година, а проектот би требало да биде завшен неколку години подоцна.
Извор: b92.net

