НовостиСветот на работникот

Децата повеќе не сакаат да бидат наставници или доктори, туку инфлуенсери

   Време за читање 1 минута

Децата повеќе не сакаат да бидат наставници, лекари или бизнисмени туку инфлуенсери, покажало новото истражување на телекомуникациската компанија BT Group.

Истражувањето, кое го објавил Daily Mail, ги испитувало амбициите на најмладите во оваа година во однос на 2000.

Студијата покажала дека на резултатите влијаела популарноста на интернетот во текот на годините, при што децата од 11 до 15 години ги навеле професиите кои се базираат на социјални мрежи, како инфлуенсер, како некои од најпосакуваните.

Девојчињата во 2000 година навеле дека сакаат да станат учителки, докторки, адвокатки, психолози и медицински сестри, а машките ги истакнале професиите како менаџер, инженер, лекар и спортист.

Според резултатите од овогодишното истражување, четири од петте најдобри занимања кои ги навеле децата се поврзани со STEM (технологија, инженеринг и математика), вклучувајќи и дизајн на видео игри и софтверски инженеринг.

Директорката за општествено влијание во BT Group, Викторија Џонсон рекла дека во споредба со машките, многу од девојчињата сметаат дека кариерите во областите на технологијата не се за нив.

Студијата исто така покажала дека повеќе од 51 % од девојчињата веруваат дека технолошките кариери повеќе се погодни за машките, а речиси 78 % сметаат дека нема доволно женски примери во технолошката индустрија.

Извор: b92.net

Фото: Profimedia