ЕкономијаМакедонијаНовости

Димитриеска Кочоска: Ветувањето на СДСМ за повисоки плати може да се оствари за краток рок, но со повисока инфлација – вредноста на парите да биде реално уште помала и кога би имале плата од 1.100 евра

   Време за читање 1 минута

За жал од сето она што досега го слушнав и прочитав за програмата на СДСМ, можам да констатирам дека повторно фокус им се тековните расходи, односно продолжуваат со политика на поттикнување на лична и јавна потрошувачка која ни донесе 1% раст на БДП во 2023 година (или 1,7% за нивниот период на владеење) и која ја потхрануваше инфлацијата која достигна рекордно ниво, особено на храната, вели во разговор за „Локално“, потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ и поранешна дополнителна заменик-министерка за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска за предизборната програма на СДСМ насловена како „Програма за европска иднина“.

Тоа, како што додава, понатаму го забави растот на животниот стандард и токму поради ваквите нивни политики, потенцира Димитриеска Кочоска, Македонија денес е една од најсиромашните земји во Европа и светот, додека пак се проценува дека во 2023 година бројот на лица кои живеат во екстремна сиромаштија, со 60 денари на ден, е покачен од 54.000 лица на над 80.000 лица.

Повеќе на Локално

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *