МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Дипломатите од Македонија ќе се вакцинираат во Врање

Дипломатите од Македонија на 8 мај во Врање ќе ја примат првата доза на вакцина против коронавирусот, што е резулатат на соработката помеѓу Македонскиот дипломатски синдикат и синдикатот на Министерството за надворешни работи на Србија, пренесоа македонските медиуми. 

Поддршката од колегите од Белград пристигнала по иницијативата на македонскиот синдикат за воспоставување на соработка со другите синдикати на дипломати во регионот, рекле од Македонскиот дипломатски синдикат за „МКД.мк“. 

Порталот наведува дека со тоа ќе биде решен проблемот со имунизацијата на македонските дипломати, со потсетување дека минатиот месец објавиле дека половина од вработените во министерството или биле заразени или биле во изолација поради короната. „Водени од идејата за подигнување на стандардот и свеста за остварувањето на работничките права, уверени сме дека овој нов вид на соработка ќе биде позитивен пример кој ќе придонесе кон зајакнување на свеста за потребата од сеопфатна регионална соработка“, навеле од синдикатот.