Правда

Директори земале поголеми плати од Премиерот

178views

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, гостуваше во вечерашното интервју во емисијата „Само интервју“, на телевизијата Канал 5.

Во интервјуто се отвори и темата за работата на министрите и директорите, како и за намалување на дискреционите права на функционерите. Николовски потенцираше ќе бара од сите министри и директори висока отчетност за нивната работа.

„Директори на јавни претпријатија земаат поголема плата од претседателот и премиерот. Јавноста не ги знае, а имаат највисоки плати, највисоки привилегии. Не може да имаат такви примања тие директори и да не носат одговорност. Во нашето живеење се вкоренети навики каде се мора да е со протекции и врски. Баш против тие протекции ќе се борам. Дневно имам илјадници пораки од граѓани за ситни потреби. Тие самите се научени дека така полесно доаѓаат до решение. Јас одговарам на сите и ги процесирам тие работи колку што можам, но мораме да го промениме системот за да граѓаните почнат да веруваат дека преку системски и институционален начин тоа можат да го остварат. Сум бил министер и знам како се одвиваат внатре работите и се префрла одговорноста – не е до мене, до друг е. Мораме навиките да ги промениме секаде и затоа е оваа координативна функција воведена“, изјави Николовски.

Вицепремиерот во емисијата „Само интервју“, на телевизијата Канал 5, порача дека оваа Влада не е сепаративна, туку единствена, а сите министри од Владата, без оглед од која партија доаѓаат, се на сервис на граѓаните.