- Advertisement -
НовостиСветот на работникот

Директорот на Гугл има исклучително успешна утринска рутина која е бесплатна: Се базира на овие три работи

Сундер Пичај - Работник
540views

Подготвил: Бобан Илијевски 

Не значи дека нечија рутина, ќе ви одговара и на вас. 

Извршниот директор на Гугл Сандар Пичаи има исклучителна успешна утринска рутина. Базирана е на три едноставни работи. Што е најважно, утринските рутини не чинат речиси ништо, но тоа не значи дека „не функционираат“. 

Многу блогови, весници и портали се бават со утринските ритуали кои ги применуваат Опра, Марк Кјубен, оние кои ги практикувал Стив Џобс итн. Меѓутоа, клучот на успехот на утринската рутина не е имитирањето на она што го прават познатите личности кои привлекуваат јавно внимание. 

За ова добар пример е директорот на Гугл. Неговата рутина е она што поголемиот дел од луѓето го сметаат за стандардно саботно утро: се будите во пристојно време, читате нешто, пиете чај, размислувате. 

Звучи неинспиративно? Не е баш така. Всушност, неговиот ритуал открива три клучни работи кои често ги забораваме: 

1. Утринските рутини не се „универзална големина“

Да, Опра може да медитира и да запали свеќи за да медитира, Марк може да џогира пред 7 часот наутро. Тоа не значи дека истата тактика ќе функционира и за вас. Сите ние имаме различни интереси, карактери и вештини. Тоа, секако, доведува до заклучок на варијацијата: Успешните утрински рутини доаѓаат во секој облик и големина.

„Не сум утрински тип на личност“, рекол Пичаи. Зошто тогаш да се станува толку рано наутро?

2. Утринските рутини не мора да бидат поврзани со продуктивноста

Сакаме да кажуваме имиња на деловни луѓе кога бараме инспирација за утринска рутина. И, во поголемиот дел од случаите, утринските рутини се состојат во тоа да се направи повеќе – или да се најде повеќе фокуси, но да се избалансира. Но, утринската рутина може да се состои и од зајакнување на менталното здравје со практикување на 30 минутна јога или медитација, пополнување на крстозборки или, како Пичај, читање на весник. 

Не е поенатата во тоа да сте попродуктивни; поентата е да имате нешто на ум. Дали сакате да бидете помирни? Да направите повеќе време за себе? Да работите на физичката кондиција? Пронајдете една единствена цел и направете ја цел на вашата утринска рутина. 

3. Доследноста е клучна

Иако ова е логично, не се придржуваме до истото. Луѓето започнуваат да се држат до една рутина, ја практикуваат една до две недели, а потоа прекинуваат. Или, уште полошо, се префрлаат на возење точак, бидејќи не гледаат резултати за неколку дена. Истражувањата покажуваат дека вистинскиот напредок не се гледа ни по два месеци, а можеби и подолго. 

А тоа никогаш нема да се случи ако не сте доследни. Одберете една рутина која ви одговара вам и на вашата цел и држете се до неа. Пичај, на пример, со години бил приклонет кон своите придушени утрински почетоци. 

„Целата поената е да би требало да биде нешто ваше“, наведува тој. 

И уште неколку совети: Следете ја вашата моментална утринска рутина неколку недели без никакви промени. Со кои навики/активности се бавите за да се приближите или оддалечите од целта? 

Кои околности моментално ве држат од целта кои можете да ги промените? Кои околности не можете да ги промените (и треба да ги занемарите)? Кои активности досега не сте ги направиле, а кои би ве приближиле до целта?

Кои мерки за успех ќе ги примените за да го мерите напредокот. 

Последен совет: Немојте да се обесхрабрите. Со текот на времето можете да се прилагодите и да ја смените својата рутина, за да пронајдете некоја која подобро би функционирала – или воспоставете нови цели кои бараат потполно нова рутина. Само бидете сигурни да на секоја и дадете време да ја направи својата магија, пред да прејдете на следната. 

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Sundar Pičai / Foto: Fabrice COFFRINI / AFP / Profimedia