МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Дискусија на синдикатите на глобално ниво за пандемијата на корона – вирусот

Дискусија на синдикатите - Работник
54views

На 20 мај 2020 година се одржа вебинар на тема ,,Нарушување на животите, економиите и општествата – предизвици и можности за активностите на синдикатот” кој беше организиран од страна на ILO – ACTRAV – Биро за активности на работниците, истакнаа од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС.

„Целта на овој вебинар беше подигање на свеста за економското, работничкото и социјалното влијание на кризата КОВИД-19 како и обезбедување на место за дискутирање на перспективите, предизвиците и новите трендови на синдикалните активности за ублажување и решавање на кризата“, посочија од КСС.

На вебинарот свое учество и имаше и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија на кој што беа изнесени предизвиците со кои се соочува Македонија во време на корона кризата, а беа презентирани и активностите на синдикатот и иницијативите кои ги презема. Како последна иницијатива на КСС е вклучувањето на ковид 19 заболувањето во листата на професионални заболувања, информираа од КСС.

„Ние ги споделивме и проблемите со кои реално се соочуваме, како што се непостоењето на социјален дијалог, кој се води само формално пред јавноста, а нема суштинско значење, состојба кога нема консултација со синдикатот, а се носат конфузни Уредби со сила на Закон кои се однесуваат на работниците. Моравме да напоменеме и за неадекватните мерки на Владата кои не соодветствуваат со фактичката состојба и потреби на бизнис секторот, бидејќи се повеќе работници ги губат своите работни места, а се повеќе компании згаснуваат. Речиси повеќе од 10.000 работници ги имаат изгубено своите работни места. Сето тоа можеби се должи на ниското инвестирање на Македонија во бизнис секторот за време на корона кризата, кое изнесува околу 1 % од својот бруто домашен производ, а во споредба со другите земји Србија инвестира 11% од БДП, Бугарија 9,9 %, додека пак Германија има 20% инвестиции во бизнис секторот од својот бруто домашен производ“, рекоа од КСС.

Велат напоменале и дека сивата економија сега си го наплати цехот, работниците кои работеа во неа и сега го изгубија работното место се оставени на милост и немилост без работа и без финансиска помош.

На вебинарот свое обраќање имал директорот на АCTRAV, Марија Хелена Андре, која истакна дека комуникацијата и меѓународната солидарност се многу важни за заштита на работниците. Ги истакна и приоритетите на МОТ како што се заштита на работните места, заштита на личниот приход и минималната плата, безбедноста и здравјето при работа, здравствена заштита за сите.

,,Корона кризата ја стави на тест демократијата на кој многу земји паднаа, додека други успеаа да функционираат демократски” ,истакна Андре. Исто така истакна дека сега сите треба да преземат силни акции со цел да направиме новото нормално живеење после пандемијата да биде подобро.

На вебинарот учествуваа претставници од синдикатите од Албанија, Бугарија, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Црна Гора, Македонија, Србија и Полска.

Извор: КСС