МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Достоинство за целата администрација, не само просветарите

Македонскиот дипломатски синдикат ја реафирмира подршката за протестите предводени од СОНК и им порачуваме да ги издржат притисоците и да опстојат на своите барања за достоинствено и поправично вреднување на нивниот труд. Паушалните „решенија“ со кои само моментално се гасне пожарот не се системски решенија какви што се неопходни. Со нив не се покачува стандардот на просветните работници, туку само колку-толку се одржува чекорот со растечката инфлација. Состојбите со платите на просветните работници се само одраз на севкупните состојби во општеството. Потребно е сеопфатно и долгорочно решение за вреднување на трудот на целата администрација, а не само на поедини гранки каде што работниците веќе го изгубиле трпението.