Фејсбук статус на Гласен Текстилец:
Соопштение

Почитувани работници и работнички


Со усвоените измени на Законот за минимална плата, минималната нето плата изнесува 18.000 денари.

Исплаќањето на минималната плата од 18.000 денара, треба да почне да се применува со мартовската плата што се исплаќа до 15 април.

Основната плата за работа со полно работно време не може да биде пониска од минималната плата утврдена со Закон и колективен договор.

Основната плата на работникот се зголемува по час најмалку за:

– прекувремена работа – 35%
– работа ноќе – 35%
– работа во три смени – 5%
– работа во ден на неделен одмор – 50%
– работа во денови на празници – 50%

Основната плата на работникот се зголемува за 0,5% за секоја година работен стаж (минат труд).

Доколку за редовно работење не ви и е исплатена основната плата пријавете до Државниот инспекторат за труд или обратете се до Гласен Текстилец
