Uncategorised

Европјаните стравуваат: Дали ова ќе ги чини работното место?

   Време за читање 1 минута

Дали вештачката интелигениција ќе го зголеми бројот на работни места на пазарот на труд? Едно истражување спроведено во шест европски земји укажува на зголемување на стравот кај луѓето од тоа дека ВИ ќе ги замени на работните места.

Во анкетата на Алијанс, 46 % меѓу 6,300 испитаници оцениле дека ВИ ќе го намали бројот на работни места, а 33 % дека ќе го зголеми. Во истражувањето учествувале полнолетни граѓани од Германија, Франција, Шпанија, Италија, Полска и Австрија.

Повеќе од половина, 51 % од нив, ценат дека ВИ ги проширува јазот и нееднаквоста, според квалификациите. Спротивно на тоа, корист очекуваат нешто повеќе од една петтина, 21 %, пренесува дпа.

„Брзите промени ги вознемируваат граѓаните на многу европски земји и затоа се скептични“, рекол економистот од Алијанс, Арне Холцхаузен.

Експертите искажуваат многу поголем оптимизам и поголемиот дел од нив очекуваат значајна економска корист од ВИ.

„Клучот не е во тоа вработените да бидат заменети со алатките на вештачката интелигенција, туку таа да се искористи за дополнување и унапредување на нивните вештини“, рекол Холцхаузен.

ВИ, земајќи ги предвид демографиските предизвици и недостигот на квалификувана работна сила во многу земји, може дури да придонесе кон тоа да се најде решение, додал економистот.

Стареењето на неселението и ерозијата на работната сила само ќе го заострат проблемот со недостатокот на работна сила.

„ВИ може да помогне во справување со тој предизвик преку зголемување на продуктивноста и автоматизација на задачите“, оценил Холцхаузен.

Извор: b92.net

Фото: Shutterstock/Gorodenkoff