10 знаци како да да препознаете лош шеф
Кавлдип Синг, менаџер од Индија, кој на својот LinkedIn профил има повеќе од 50,000 следбеници, одлучил на работниците ширум светот да им ги реши еден од посериозените проблеми: како да препознат лош менаџер.
Фактот дека за вашето напредување во кариерата, но и чувството на задоволство на работа, треба да идентификувате дали имате лош менаџер, вели тој. Неговото објаснување станало вирално, а и како нема да стане, кога на многумина би им било од корист.
Еве 10 клучни знаци на кои треба да обрнете внимание за да препознаете лош менаџер.
- Микро менаџмент: Лошиот менаџер констатно ги проверува вработените и не им дава автономија
- Лоша комуникација: Не дава јасни инструкции или повратни информации.
- Недостаток на емпатија: Не покажува разбирање или грижа за личните проблеми на вработените.
- Припишување на заслуга за туѓа работа: Не го признава придонесот на тимот.
- Непристапност: Создава опкружување во кое вработените не можат да ги изнесат своите грижи.
- Недоследност: Често и непредвиливо ги менува одлуките.
- Недостаток на визија: Нема јасна насока или цели за тимот.
- Фаворизирање: Им дава повластен третман на одредени вработени.
- Избегнување на одговорност: Криви други за своите грешки.
- Спротивставување на промени: Неволен е да се прилагоди на нови идеи или подобрувања.
Извор: Telegraf Biznis.rs
Фото: Shutterstock

