Еден од најлошите форми на мобинг на работно место: ГАСЛАЈТИНГ

Дали сте помалку среќни на работа откако имате нов колега? Дали другите постојано ви зборувале затоа дека нивните колеги ги „сопнуваат“? Можеби имате шеф кој ве исклучува од клучните состаноци, а потоа прашува зошто не сте присуствувале на некој од нив, иако сте прилично сигурни дека не сте биле повикани…

Ако биило што од ова е точно, можеби имате работа со т.н. „гаслајтинг“ на работното место. Неговата основна вештина е да поткопува.

Гаслајтерите, како што сугерира името, се претставуваат себеси во позитивно светло – како пријатели или колеги кои се тука да помогнат – но, во суштина, нивната намера е да манипулират и да ги поткопуваат другите, и тоа обично „од сенка“. што ја зголемува нивната потенцијлна моќ.

Во секојдневниот живот, зборот „gaslighter“ означува лице кое сее семе на сомеж кај другите, поединци или членови на групата, со цел да се поссомневаат во своето знаење, перцепција, паметење, па дури и свест.

Американската издавачка компанија „Мериам – Вебстер“ „gaslighting“ го прогласила за збор на годината.

Имено, пребарувањето на овој збор на нивната веб страна пораснало за 1,740 % во 2022 година, во однос на претходната година, а издавачката куќа не успеала да пронајде ниеден „покренувач“, односно причина за таквата нагла промена.

Гаслајтерите се во состојба целосно да извадат од колосек друго лице, така што жртвата во прашање ги доведува своите мисли, перцепции на реалноста или сеќавањето, и сето тоа доведува до збунетност. губење на самодовербата и самопочитта, потоа до несигурност во својат емоционална или ментална стабилност.

Карајниот исход е: зависност од починителот, предупредува marketwatch.com

Инаку, самиот термин е скован во претстава од 1938 година, под називот „Gas Light“, а станува збор за психолошки трилер чија приказна е сместена во Лондон. Овој термин дополнително бил популизиран и од Џорџ Кјукор, со филмот „Gaslight“ од 11944 година.

 

 

 

Во тој филм Грегори (Чарлс Бојер) се обидува да ја убеди својата сопруга Пола (Ингрид Бергаман) дека го изгубила разумот. Кога го пали светлото на таванот во потрага по ризницата со скриените сакпоцености, фењерот трепери во остатокот од куќата. Тој и вели на Пола дека и се причинува дека светлото е придушено.

Кој е гаслајтер на работа?

Работното место, со текот на времето, станало плодно тло за такво однесување, со оглед на тоа дека во прашање се: пари, моќ, статус, унапредување, ривалство и интрига кои често доаѓаат во врска со политиките на компаниите.

За да се зачувате себеси од таков вид на манипулација, важно е да ги препознаете гаслајтерите: ако се држите до клиничката дефиниција, овој тип на луѓе има два карактеристични потези – лаже со намера да создаде лажна реалност и социјално ги изолира своите „жртви“.

mobing

Фото: Shutterstock

Гаслајтерот се позиционира и какоо спасител и како поткопувач, создавајќи негативна и застрашувачка атмосфера, ширејќи рачеви и преземајќи заслуги за работата на другите луѓе. Таквите лица често се љубоморни и огорчени и имаат за цел да ги поткопуваат другите за да ја унапредат својата позиција. Исто така, можете да бидете несвесен пиун во „подметнувањето на нога“ на друг колега.

Гаслајтерот би можел да се обиде да ве убеди дека некој трет колега сака да ви ја „украде“ водечката улога во проектот – со тоа ве охрабрува да му замерите на третиот колега или едноставно да бидете внимателни во врска со споделувањето на важни информации.

Извор: Telegraf Biznis.rs

Фото: Shutterstock