ПравдаСветот на работникот

Еден родител на дете до 10 години, ќе добие платено отсуство од работа во следните 14 дена, најави Филипче

   Време за читање помалку од минута

Со оглед дека се прекинува работата на градинките и училиштата, министерот Венко Филипче најави дека на еден родител на дете до 10 годишна возраст, ќе му биде дозволено отсуство од работното место, и тоа ќе биде платено.

„За 1 родител до 10 годишна возраст ќе се дозволи отсуство во тек на следните 14 дена и во приватниот и во државниот сектор. Притоа, апелираме да нема собири во игротеки, како што беше случај со морбилите, туку да се избегнуваат собири. Затоа што оваа мерка би немала ефект“, рече Филипче.