Биланс на несреќи при работа: Еден загинат работник од Албанија, тројца тешко повредени
На 26.05.2023 во 13:15 часот во СВР Куманово од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив бил донесен Д.А.(43) од Куманово, кој, според пријавеното, се здобил со тешки телесни повреди при извршување на работни обврски во фирма во Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово. Известен трудов инспектор.
„На 26.05.2023 во 22.45 часот било пријавено дека на подрачјето на Чаир во објект во изградба при извршување на работни обврски Н.П.(41) од Р.Албанија паднал од висина и починал. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Известени биле Јавен обвинител и трудов инспектор, кои излегле на местото на настанот“, соопштија од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.
На 24.05 итната медицинска помош од Велес во полиција пријавила дека биле донесени двајца граѓани со тешки телесни повреди, кои ги добиле изведувајќи градежни работи., соопшти Министерството нза внатрешни работи.
„Околу 11.35 часот во СВР Велес е пријавено дека во Итна медицинска помош биле донесени повредени З.Ж.(63) и Ѓ.М.(62), двајцата од Велес. Според пријавеното, тие околу 11.00 часот, додека извршувале градежни работи на куќа во Велес, сопственост на И.Т.(37) од Велес, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Велес“, соопшти МВР.